Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул тргна во потрага по нов квалитетен фудбалер за врска, кој на лето ќе биде замена за Вајналдум, а изборот наводно паднал на Ренато Санчез, кој е одличен во дресот на Лил.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен успеа да се врати во форма и на лето би можел да го засили актуелниот англиски првак.
Клоп смета дека Португалецот ќе биде идеално засилување за средниот ред, а неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра.
Сепак, Ливерпул ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Португалецот интерес покажуваат уште неколку европски гиганти.