Револуција во тенисот: Што е тоа „Fast4“?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Можеби мислите дека се зборува за натпреварот од Вимблдон помеѓу Никола Мау и Џон Иснер во кои беа одиграни 183 гејма во неколку дена, но тој натпревар не е причина зашто луѓето често прашуваат колку долго навистина може да трае тениски натпревар.

    Дали може да замислите натпревар одигран во пет сетови да биде завршен за 90 минути?!

    Дека такво нешто е можно, ни покажаа Федерер и Хјуит во јануари кога одиграа натпревар во 5 сетови и го завршија во траење на еден фудбалски натпревар. Федерер победи со резултат 3:2, по сетови 4:3(5:3), 2:4, 3:4(3:5), 4:0 и 4:2.

    Да, тоа е резултатот, нема никаква грешка.

    Еве за што станува збор. Американската и австралиската тениска федерација во овој натпревар решија да тестираат една идеја која се вика „Fast4“. Сетот се игра до 4 гејма, нема изедначување и предност во гејмовите, а целта е спортот да се забрза и прилагоди на 21-ви век.

    По 139 години, гејмовите и понатаму се играат на разлика, како и сетовите, сетот оди и до 6 добиени гејма и на сите Грен Слемови се игра на 3 добиени сетови. Како воопшто спортот од 18-ти век може да остане ист? Можеби тоа е уникатноста која ја има зачувано овој спорт во споредба со другите.

    „Играчите сакаат да чувствуваат поврзаност со исконскиот тенис и тоа е една од причините зашто е тешко да се експериментира.“, вели директор на еден тениски клуб во САД, Мајк Куран.

    „Тешко е да се проба нешто ново, особено ако играчите тоа го доживуваат како свето. Но, јас често се прашувам дали брзиот тенис е тоа што луѓето навистина го сакаат. И изгледа одговорот е позитивен. Имаше и такви на кои не им се допадна, кои мислеа дека 5 сета до 4 освоени гејмови е премалку, но кога сватија дека во денот можат да се одиграат по 5 такви натпревари, тоа им се допадна.“

    На претставниците на Американската тениска федерација им се допадна идејата за измена и временско скратување на натпреварите. Со тоа не само што би се скратило времето потребно за еден натпревар, туку некои турнири би можеле да бидат завршени во 1 ден.

    Питер Смит, главниот тренер на машкиот тениски тим на Универзитет од Јужна Калифорнија, е голем поддржувач на оваа идеја.

    „Ми се допаѓаат измените. Идејата да се исфрли загревањето е одлична, тоа го скратува натпреварот. Натпреварите се пократки бидејќи не се игра на разлика во гејмови и сетови и сметам дека тоа ја прави повозбудлива играта.“

    Сепак, свесни се дека оваа измена нема да се реализира уште долго. Тениските експерти се надеваат дека децата можат да почнат да играат по новиот систем, а тој полека да се вклучи во јуниорскиот, а потоа и во сениорскиот тенис.

    Секако, меѓу првите кои ја поддржаа оваа идеја се телевизиските луѓе.

    Џејми Рејнолдс, заменик директорот на ЕСПН, ја скрати цела приказна на едно едноставно прашање:

    „Дали сакаме да ги натераме луѓето да седат пред ТВ екраните по 5 часа и 53 минути и гледаат еден натпревар?“

    Одговорот кој што си го даде сам на себе беше навистина краток.

    „Па, мислам дека не.“