Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот селектор на Хрватска, Чиро Блажевиќ жали по Златко Крањчар, кој почина на 65-годишна возраст по кратка и тешка болест.
Блажевиќ во изјава за хрватските медиуми кажа дека бил запознаен со здравствениот проблем на поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, но не очекуваше таков фатален исход.
„Не можам да станам од кревет. Ме изненади веста. Навистина не знам што да кажам. Се слушнав со неговиот доктор пред неколку дена и знаев дека е лошо, но не знаев дека е во толку лоша состојба. Сите чекаа јас да заминам, а си замина Златко… Многу сум тажен“, кажа Блажевиќ.