Интер должи пари за Лукаку: Манчестер јунајтед ќе им прости само ако им го дадат Мартинез?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер го купи Ромелу Лукаку во 2019 година од Манчестер јунајтед за 75 милиони евра, но парите требаше да ги исплаќаат на рати.

Италијанскиот тим досега исплатил само 25 милиони евра за трансферот на Лукаку, па „нераѕурите“ должат уште 50 милиони евра, а Манчестер јунајтед не сака повеќе да чека и бара решение.

„Ѓаволите“ испратиле едно потенцијално решение на проблемот, а тоа е да им бидат простени сите долгови на Интер, но само ако во Манчестер се пресели Лаутаро Мартинез.

Интер е во тешка финансиска состојба и клубот бара нови газди, а Лукаку не е единствен неисплатен трансфер, зашто слична е ситуацијата и со Ашраф Хакими.