Клоп губи од кого стигне, ама не се предава: Ова не е крај!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул вчера загуби на „Енфилд“ со 0-1 од Челси и очигледно ова не е крајот на големата криза на актуелниот шампион.

„Црвеите“ се седми на табелата со 43 бодови, а поразот од Челси беше петти по ред на домашен терен и тоа им се случи за првпат во историјата.

Манчестер сити полека се подготвува за шампионска прослава, но Јирген Клоп не се откажува.

„Индивидуалната акција на Мејсон Маунт го реши натпреварот. Самиот дуел беше израмнет и интензивен, имавме повеќе шанси. Мане имаше голема шанса, но имаше и други моменти кои не ги искористивме. Примивме гол, згрешивме. Ова е сериозен удар, но не е готово“, кажа Клоп.