Исповед на човекот кој на мотор го возеше Ибрахимовиќ на фестивалот во Сан Ремо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ не се шегуваше кога кажа дека има видео снимка од возењето на мотор кон Сан Ремо, кое се појави во јавност.

Напаѓачот на Милан заглавил во метеж на пат кон фестивалот и во еден момент решил да излезе од автомобилот за да замоли еден моторџија да го однесе до фестивалот.

Италијанските медиуми веднаш го пронашле човекот кој го возеше Ибрахимовиќ, а тој се вика Франк.

„Се враќав дома од возење, имаше голем метеж и видов црно комби во кое беше некој како Ибрахимовиќ. Си помислив: Па ова е Златан! Во тој момент Ибра ме праша дали може да го однесам на фестивалот, а со тоа веднаш се согласив. Јас сум навивач на Милан, а ќе ви откријам и дека Ибра сакаше да вози, но јас не му дозволив“, вели моторџијата.