Борба меѓу фановите поради Роналдо: Некои го сакаат, другите не сакаат ни да слушнат за него!

Навивачите на Реал Мадрид се со поделени ставови по веста дека Кристијано Роналдо ќе се врати во шпанскиот шампион.

Шпекулациите се појавија по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампиони, а во анкетата направена од шпанскиот медиум „АС“ може да се забележи дека 54% од фановите гласале за враќање на Роналдо, додека останатите не сакаат ниту да слушнат за такво нешто.

Јувентус, наводно, е подготвен да го продаде Португалецот за помала сума отколку што го купи пред неколку години, но засега тоа се само шпекулации.