Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Валентино Роси се надева дека овој викенд во Арагон ќе ја намали разликата зад Маркез во генералниот пласман.
Роси успеа да ја намали разликата на Маркез на 43 поени бидејќи последните 4 трки беше подобар од Шпанецот, но вели дека е сконцентриран само на тие трки кои се пред него.
„Иако навистина сакав да победам во Мизан, можам да кажам дека тоа беше добра трка. Во сите наредни трки ќе се трудам да го дадам максимумот и да направам што е можно подобар резултат.“
„Единствено што ме интересира се добрите трки. Во Арагон ќе мора да работиме најдобро што знаеме уште од првиот ден како што работевме од почетокот на сезоната. Патеката има остри свиоци и ќе биде многу важно да имаме одличен мотор. Ја сакам оваа патека, но и покрај тоа што не ми е една од најомилените, ќе дадам се од себе.“