Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Календарот на Мото ГП шампионатот за наредната година ќе има 18 трки и ќе биде многу сличен на тој од оваа година бидејќи ниту една нова трка од најавените нема да се појави на распоредот.
За 2017-та година се најавени трките во Индонезија и Тајланд, но работите на патеките нема да бидат завршени на време, па календарот ќе има само 18 трки.
Најголема измена во однос на оваа сезона е разликата од две недели помеѓу трките во Аргентина и САД, поради проблемите кои се случија при транспортот оваа сезона. Поради тоа има и паузата од 2 недели на 1 помеѓу трките во Муџел и Барселона, а уште една измена е тоа што трката за ГН на Чешка ќе биде пред трката Австрија.
Се очекува календарот за 2018-та година да биде драстично изменет, бидејќи е скоро сигурно дека во него ќе влезе и трката за ГН на Финска.
Мото ГП за 2017:
26 март – Катар
9 април – Аргентина
23 април – САД
7 мај – Шпанија
21 мај – Франција
4 јуни – Италија
11 јуни – Каталонија
25 јуни – Холандија
16 јули – Германија
6 август – Чешка
13 август – Австрија
27 август – Англија
10 септември – Сан Марино
24 септември – Арагон
15 октомври – Јапонија
22 октомври – Австралија
29 октомври – Малезија
12 ноември – Шпанија