Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот кошаркар Андре Драмонд е нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, а тоа го соопшти актуелниот шампион на НБА-лигата.
Драмонд во петокот се раздели со Кливленд кавалирс, откако го откупи договорот и како слободен играч му се приклучи на тимот од Лос Анџелес.
Оваа сезона, 28-годишниот центар одигра 25 меча за Кливленд и просечно постигнуваше по 17,5 поени и 13,5 скокови по меч.
Нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за Лејкерс и ќе донесе дополнителен квалитет во екипата на Лејкерс.