Ливерпул плаќа 40 милиони евра, новото засилување ги мина прегледите


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Ливерпул ќе добие големо засилување во одбраната за следната сезона, а ќе мора да го плати 40 милиони евра.

Англиските медиуми објавија дека 21-годишниот Ибраим Конате ги мина тестовите и медицинските прегледи и наскоро ќе биде претставен како нов член на премиерлигашот.

Фудбалерот на Лајпциг доби одлична понуда од „Енфилд“, па реши да ја прифати додека неговиот тим ќе добие 40 милиони евра за трансферот.

Конате е втор дефанзивец кој го напушта Лајпциг, откако претходно Баерн Минхен го купи Дајот Упамекано.

Конате е член на Лајпциг од 2017 година, а сезонава настапи на 15 меча за бундеслигашот.