„Ајде сликај се со Меси! Не, благодарам!“

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо откри интересен детал од почетокот на кариерата. Тој во разговор за шпански „АС“ кажа дека одбил да се фотографира со Лионел Меси.

На многумина им е сон да се фотографираат со ѕвездата на Барселона, но тоа не бил сон и на Олмо.

„Пред да дојдам во Ла Масија, пријател на татко ми сакаше да се фотографирам со Меси, но јас му се заблагодарив и одбив. Имав само осум години и кој одбива да се слика со Меси? Ме фотографираа на крајот против моја желба, но морам да кажам дека ми е мило што ме натераа да го направам тоа затоа што имам прекрасен спомен во мојот дом“, вели Олмо.