Серена откажа 2 турнира, Муратоглу незадоволен!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Американката Серена Вилијамс нема да учествува на ВТА турнирите во Кина.

    2-та тенисерка на светската ранг листа на овој потег се одлучи поради проблеми со повреда.

    „Многу ми е жал што нема да можам да заиграм во Вухан и Пекинг. Имам проблеми со рамото. Можам да играм и тренирам, но не сум подготвена за натпреварување.“

    „Се надевам дека навивачите на овие турнири ќе видат одличен тенис. Што се однесува до мене, јас ќе се обидам да се подготвам за турнирот во Сингапур.“

    Тој турнир се игра од 24-ти до 30-ти октомври.

    Тренерот на Серена изјави дека лоша сезона е зад Американката.

    „Серена имаше многу проблеми со повредите. За неа било кој друг резултат освен титула е лош. Не можеме да бидеме задоволни само со еден Грен Слем трофеј оваа година и 2 изгубени финалиња.“