Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд не можеше преку Манчестер сити да оствари пласман во Лигата на шампиони. Англискиот тим во двата меча славеше со по 2-1 и се пласираше во полуфинале.
Одличен меч против „граѓаните“ одигра Џуд Белингам, кој уште еднаш го покажа својот квалитет, а постигна и гол во реваншот, по што пофалби пристигнаа и од тренерот Пеп Гвардиола.
„Не можам да верувам. Можеби лаже за годините. Тој е премногу добар за едно 17-годишно момче“, вели Гвардиола.
Белингам е член на Борусија од 2020 година, а пристигна од Бирмингам за 25 милиони евра и „милионерите“ уште еднаш покажаа дека знаат што прават на трансфер-маркетот.
Белингам е иднината на англискиот фудбал и нема дилеми дека во следните години ќе стане еден од најдобрите.