Голем проблем за Милвоки


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Милвоки во  наредните 6 месеци ќе бидат без еден од своите најдобри играчи.

    Бекот Мидлтоун доживеа незгодна повреда, поради која ќе мора да оди на операција.

    „Многу сме разочарани, но повредите се дел од играта. Ќе се потпреме на длабочината која ја имаме во екипата за да го покриеме неговото отсуство.“, изјави генералниот менаџер, Џон Хамонд.

    Мидлтоун зад себе има успешна сезона. Во 79 одиграни натпревари имаше постигнато 18.2 поени, 4.2 скокови и 3.8 асистенции во просек.

    Тој во кариерата има играно уште и за Детроит.