На Ањели му се заканува тужба зашто Серија А ја остави без договор од 1,2 милијарди евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Газдата на Јувентус и вториот човек на несудената Суперлига, Андреа Ањели би можел наскоро да се најде во големи проблеми, зашто против него се подготвува тужба од страна на тимовите од Серија А.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ањели бил еден од членовите на комисијата која преговарал со инвестицискиот фонд „Капитал Партнерс“ за италијанските тимови да добијат 1,2 милијарди евра.

Меѓутоа, Ањели ги прекинал преговорите во последен момент затоа што се предомислил, поради што целиот проект пропаднал и поради тоа се подготвува тужба против него.

Клубовите се подготвени да го тужат Ањели, кој многумина го сметаат за предавник бидејќи ја уништил инвестицијата и мислел само на Јувентус, кој требаше да игра во Суперлигата и да добие голема сума на пари.