Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров ги собра ракометарите со кои утре ќе замине за Финска за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое ни е на повидок.
Македонија имаше тренинг со 21 ракометар, а Лазаров утре ќе избере 16 со кои ќе патува кон Финска за мечот против домаќинот од 17 часот во среда.
„Теоретски го обезбедивме пласманот на ЕП, но нема да се опуштиме и одиме максимално. Ние сме победници и имаме голема желба за нова победа. Не сакам да се навраќам на тоа дека немаме време, но искусни сме и знаеме како да изиграме. Одиме за Финска за која имаме јасен план“, вели Лазаров.