Несторовски: Патот е тежок, но јас сум подготвен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се повреди и ќе мора да го пропушти Европското првенство (ЕП).

Несторовски испрати порака преку социјалните мрежи од болничкиот кревет.

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски.