Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутомеркато“ објави дека враќањето на Масимилијано Алегри во Јувентус е неизвесно. Оваа вест брзо се прошири и во останатите италијански медиуми, а навивачите на „Старата дама“ ова сценарио го најавија преку социјалните мрежи.
Италијанските медиуми објавија дека Алегри имал одредени барања до раководството на клубот. Еден од условите бил да се прекине соработката со Кристијано Роналдо и да им се заблагодари на уште неколку фудбалери кои имаат високи плати, а играат под очекувањата, а тука се мисли на Рамзи и Рабио.
Долго време се шпекулира за заминување на Роналдо од Јувентус, а такво нешто најверојатно ќе се случи доколку тимот не избори пласман во Лигата на шампиони, по што како можни дестинации се споменуваат ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Во Торино ситуацијата не е добра, а на Андреа Пирло му се заканува отказ, па до крајот на сезоната ги очекува борбата за Скудетото и трофејот во италијанскиот Куп.