Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот кошаркар Расел Вестбрук кажа дека многу се жртвувал во текот на животот и дека сонувал да биде играч со најголем број трипл-дабл во историјата на лигата.
На Вестбрук токму тоа му успеа минатата ноќ, кога го урна рекордот на Оскар Робертсон, кој го држеше од далечната 1974 година.
Вестбрук има 32 години, а ја игра 13. сезона во НБА-лигата, а беше и МВП во 2017 година и девет пати заигра на Олстар-мечот.
Рекордот на Робертсон беше недостижен за многумина, па така на третата позиција е Меџик Џонсон со 138 трипл-дабл, Џејсон Кид е четврти со 107, а петти е Леброн Џејмс со 99.
„Многу вложив во кариерата. Многу време, жртва… Толку се жртвував за моето име да се споменува со Кид, Меџик, Оскар, Леброн и останатите. Тоа ми беше сон уште како дете. Навистина сум благодарен за овој момент“, вели Вестбрук.