Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо летово нема да се врати во Спортинг Лисабон, а таа информација ја потврди неговиот менаџер Жорж Мендеш, откако мајката на напаѓачот, Долорес Авеиро кажа дека Португалецот следната сезона ќе игра во татковината.
Мендеш даде изјава за португалски „Рекорд“ во кој ги отфрли шпекулациите дека Роналдо се враќа во Спортинг.
„Кристијано е горд на Спортинг кој го освои првенството, а тоа го покажа и јавно. Но, во овој момент неговите планови не се поврзани за Португалија“, вели неговиот менаџер.
Пред неколку дена мајката на Роналдо кажа дека ќе се обиде да го убеди фудбалерот да се врати во Спортинг, каде што играше до 2003 година.
Роналдо има уште една година од договорот со Јувентус, а се шпекулира дека би го напуштил клубот само ако „Старата дама“ не избори пласман во Лига на шампиони.