Повеќе од 12.000 луѓе ја потпишаа петицијата за враќање на црвениот дрес на Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска федерација (ФФМ) вчера ги промовираше дресовите со кои репрезентативците ќе треба летово да настапат на Европското првенство.

Меѓутоа, дизајнот на дресовите не им се допадна на сите навивачи бидејќи многу од нив беа разочарани поради бордо бојата на првиот дрес, наместо препознатливата црвена која ја носеа фудбалерите во минатото.

Голем дел од навивачите се бунат поради тоа што Македонија ќе има бордо боја, а дел од нив решија да почнат и петиција за враќање на стариот дрес на Македонија, на која се потпишаа повеќе од 12.000 навивачи.

За да се попишете на петицијата треба да кликнете ТУКА.