Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер Мајами доби рекордна казна во американската МЛС-лига поради малверзации во пријавата на договорите на неколку фудбалери.
Клубот кој ја игра својата втора сезона во МЛС-лигата, а еден од газдите е Дејвид Бекам, е казнет со повеќе од два милиони долари затоа што двајца фудаблери не ги пријавил како посебно означени играчи и пријавил дека земаат помала плата од реалната.
Лигата пред неколку недели почна истрага против Интер Мајами поради нерегуларноста во екипата, а таа резултираше со казна од два милиони долари, како и 250.000 долари за член на управата.
МЛС им дозволува на клубовите по три играчи кои може да имаат неограничени договори, а клубот од Мајами веќе ги имаше Гонзало Игуаин, Родолфо Пизаро и Матијас Пелегрини.