Вардар се засили со пикерот Тото!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот првак Вардар денеска го промовираше најновото засилување, кое доаѓа на пикерската позиција, а станува збор за Жереми Тото.

Тренерот Веселин Вујовиќ вчера ги презема „црвено-црните“, а сега полека го комплетира составот со кој следната сезона ќе се обиде да избори одлични резултати.

Тото доаѓа од Висла Плоцк и тоа е едно од засилувањата кои Вардар ги има за новата сезона во која ќе се обиде да ја освои двојната круна во Македонија, но и трофејот во Лига на шампиони.

Во екипата на „црвено-црните“ вчера беа промовирани уште неколку ракометари, меѓу кои Мартин Томовски, Али Сафар, Едуардо Гурбиндо, Анте Кудуз и Дарко Ѓукиќ.