Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тенисерката од Данска, Каролина Вознијацки го освои турнирот во Токио.
Поранешната прва тенисерка во светот во финалето ја победи Осака со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3.
До прва титула во оваа година, 24-та во кариерата стигна по 1 час и 48 минути игра.
Во првиот сет таа 3 пати успеа да направи брејк, а Јапонката успеа на неа само 2 пати.
Во вториот сет Вознијацки стигна до 5:0 и лесно го заврши натпреварот.
„Мило ми е што имав поддршка од публиката, иако играв против домашните тенисерки. Секогаш ми е убаво во Токио. Се радувам на титулата.“