Шоуто на Мурињо во Рим почна уште на – промоцијата! 🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Жозе Мурињо денеска беше претставен како нов тренер на Рома. Тој во вторникот ги почна подготовките со новиот клуб, а на претставувањето повторно направи шоу.

Во еден момент во текот на говорот панелот им пречеше на присутните новинари, па Мурињо лично го реши проблемот.

Мурињо потоа кажа дека во Рим му е убаво, но дека во Италија не пристигнал поради градот.

„Не дојдов тука поради градот. Тој е преубав, но не сум во Рим за да одморам. Тргнуваме со работа. Директоре, жал ми е што ќе го кажам тоа тука, но ми треба лев бек“, кажа Мурињо пред новинарите и лицата од раководството на Рома.