Емотивна изјава на Џејмс: „Ти благодарам!“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    По Коби Брајант и Данкан, ЛеБрон Џејмс остана без еден голем ривал во НБА.

    Гарнет објави дека заминува во пензија, а на тоа коментар даде Џејмс.

    „Не знам од каде да почнам. Прв пат те видов кога беше во средно училиште со екипата на Мичиген, а јас имав само 10 години.“

    „Времето поминуваше, а беше префрлен директно од средно училиште во НБА, а јас помислив: Кој и да те земе, ќе има голема среќа!“

    „И не згрешив. Направи едно 10-годишно дете од Акрин да поверува дека и тој еден ден ќе биде голем играч.“

    „Осум години подоцна, детето беше префрлено во НБА директно од средно училиште.“

    „Ти благодарам! Да се натпреварувам со тебе, кој дрес и да го носеше, ми значеше се на светот. Страста и посветеноста во секој можен напад.“

    „Никогаш не игравме во ист тим, освен на Ол Стар натпреварите.“

    „Честитки на неверојатната кариера. Куќата на познати е твоја следна станица.“