Американките „летаа“ за историја: Две атлетичарки урнаа светски рекорд во Токио!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Американката Сиди Лафлин на само 21 година го урна својот рекорд во трката на Олимписките игри и ќе биде запишана во историската книга.

Навистина неверојатно финале беше забележано во трката на 400 метри со пречки, кога во машка категорија две атлетичарки остварија подобар резултат од светскиот рекорд.

Одличната млада атлетичарка, 21-годишната Меклафин освои златен медал на 400 метри со пречки за време од 51,46 секунди, односно побрзо од претходниот рекорд кој беше 51.90.

На второ место заврши олимписката шампионка од Рио, Далила Мухамед, 10 години повозрасна, која истрча 51,58 секунди.

На третата позиција, односно до бронзениот медал стигна Фемке Бол, која постави европски рекорд со 52,03 секунди.