Нов противник за Кличко: Дали Џошуа ќе го победи Украинецот?


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Украинецот Кличко нема да се бори против Тајсон на 29-ти октомври во Манчестер.

    Англискиот боксер и актуелен шампион во тешка категорија во ВБА и ВБО по втор пат се откажа од борба, па појасите ќе му бидат одземени.

    Меѓутоа, во игра за натпревар со Кличко се вклучи Антони Џошуа.

    Преговорите за натпреварот започнаа, а тоа го потврди Еди.

    „Џошуа ќе го брани ИБФ појасот на 26-ти ноември. Сепак, тоа најверојатно нема да биде Кличко, со оглед на тоа дека титулите ќе бидат слободни, верувам дека би можело да се борат на пролет или во лето.“

    „Верувам дека Фјури ќе остане без титули, но по оздравувањето како шампион ќе има шанси да ги врати.“