Ван Дајк го продолжи договорот со Ливерпул!

Поранешниот англиски шампион Ливерпул објави дека дефанзивецот Вирџил ван Дајк потпишал нов договор со тимот од „Енфилд“ до 2025 година.

Дефанзивецот од Холандија потпиша договор до 2025 година и тој потпис доаѓа по продолжување на соработката на Алисон и Фабињо.

Ливерпул го купи Ван Дајк во 2018 година за неверојатни 80 милиони евра и тој веднаш ја презема улогата на лидер во одбраната на екипата.

Ван Дајк беше еден од најважните фудбалери на Ливерпул при освојување на трофеите во Лигата на шампиони и Премиерлигата во 2019 и 2020 година.

Следен фудбалер кој треба да ја продолжи соработката со „црвените“ е Мохамед Салах.