Клоп се жали: Фудбалот не оди во вистинска насока!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул го совлада Барнли со 2-0 во второто коло и така запиша две победи по две одиграни кола во англиската Премиерлига.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека е среќен со победата, но не со тоа што го забележал на теренот.

Клоп посебно му беше лут на судијата Мајк Дин, кој не покажа ниту еден жолт картон, иако според него се играл груб фудбал.

„Секогаш треба борба на теренот, но ова беше грубо. Не сум сигурен дека фудбалот оди во вистинска насока, но ова не е тоа што сакаме да го гледаме. Мора да се промени. Сакаме играта да тече постојано, но има ситуации кои мора да се казнат“, вели Клоп.