Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има договор од 290.000 фунти неделно и Н’Голо Канте е една од најголемите ѕвезди во Премиерлигата, сепак тој цврсто стои на земја, а неговата скромност ги натера сите да го засакаат.
Беше шампион на Англија, ја освојуваше Лига на шампиони, а со Франција го освои европскиот врв и сега вози мало возило.
Еден навивач го сретна фудбалерот во маркет и посакал да направат заедничка фотографија, а тоа не бил никаков проблем и притоа зборувале за различни теми.
Сарфаз Ахмед потоа објави фотографија на Твитер со Канте и напиша:
„Заминав да купам продукти и погледнете на кого налетав. Каков играч и човек. Многу љубезно се сликаше со мене и беше пристоен. Трпеливо ме слушаше што имам да кажам“, напиша тој.