Ноер е повреден и нема да брани против Македонија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот чувар на мрежата Мануел Ноер го пропушти тренингот пред натпреварите против Романија и Македонија на неговата репрезентација, па се поставува прашањето дали воопшто ќе настапи на некоја од тие средби.

Ноер го повредил неговото десно колено, кое му создаваше проблеми и во минатото, па сега мора да мине низ дополнителни тестови кои ќе покажат дали е способен да брани против Романија и Македонија или сепак нема да ризикува.

Македонија ја пречекува Германија во Скопје на 11 октомври. Ние имаме девет бодови во групата, додека лидери се токму Германците со 15 бода.