Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мохамед Бин Салман, саудискиот принц е на чело на Инвестицискиот фонд кој неодамна го купи Њукасл јунајтед за сума од 350 милиони фунти.
Њукасл преку ноќ стана најбогатиот тим во светот затоа што неговиот газда има богатство од неверојатни 320 милијарди фунти, а сега дел од тие пари планира да ги троши за уште еден гигант.
Италијанските медиуми пишуваат дека Бин Салман планира да го купи Интер за милијарда евра. Тимот од Милано има финансиски проблеми поради што мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, па шеикот би можел да ги реши сите потешкотии.
Интер е во рацете на семејството Жанг, чија компанија „Сунинг“ има огромни загуби во последниот период, па поради тоа размислува за продажба на актуелниот италијански шампион.
Газдите на „нераѕурите“ претходно позајмија сума од 275 милиони евра за да ги обезбедат платите на вработените, а кредитот мора да се врати во рок од три години.