Порасна во сиромаштија, одеше пешки на тренинг, го одби Ливерпул, а синоќа потпиша договор од соништата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот од Гана, 17-годишниот Исахака Абдул Фатава е нов член на Спортинг Лисабон, откако потпиша тригодишен договор со португалската екипа.

Станува збор за фудбалер кој во минатото беше желба на Ливерпул, но одби преселба во академијата на премиерлигашот, додека неодамна дебитираше за Гана и така стана најмлад дебитант во историјата на репрезентацијата.

Фудбалерот има турбулентно детство бидејќи порасна во сиромаштија, а на тренинг одеше пешки. Како дете покажуваше голем талент, па на 15 години дебитираше за првиот тим на неговата претходна екипа.

За репрезентацијата на Гана до 20 години дебитираше на негова 16-годишна возраст, а веќе одигра шест меча и постигна два гола.