Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси даде едно од најголемите интервјуа откако ја напушти Барселона, а исто така кажа дека во контакт бил со Агуеро, Алаба и Бускетс, но не го спомена Пике.
Новинарот на каталонски „Спорт“, Хуан Фуентес откри дека Пике и Меси одамна не биле во добри односи.
„По интервјуто на Меси можевме да забележиме дека Пике бил против останување на Аргентинецот во екипата. Пике сметал дека Меси има премногу големо влијание во соблекувалната и дека тоа не е добро“, открива новинарот.
Пике сметал дека Меси има улога во сѐ, иако Аргентинецот го демантираше тоа.
„Јас немаше така да решам за иднината на Суарез, Нејмар… Управата сама ги донесе тие одлуки“, кажа Меси.