Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар ги разочара сите со неговите лоши настапи, но и серијата на повреди кои ги имаше во претходниот период, па затоа шпанскиот гигант сака да го продаде Белгиецот.
Азар пристигна во Мадрид во 2019 година за повеќе од 100 милиони евра како големо засилување, но не покажа ништо од тоа што се очекуваше.
Белгиецот сега е понуден на „црвените ѓаволи“, иако мала е веројатноста дека ќе потпише за нив бидејќи не сака да го предаде неговиот поранешен клуб Челси.
Искусниот фудбалер сезонава настапи на 10 натпревари за „кралевите“, а притоа постигна само еден гол и така ги разочара сите.