Изненадување: Меси ќе се врати во Барселона во 2023 година?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси минатото лето си замина од Барселона и потпиша за ПСЖ, но во Париз можеби нема да остане долго и ќе се врати во каталонскиот гигант.

Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Виктор Фонт, кој загуби од Жоан Лапорта, кажа дека актуелниот прв човек на тимот мора да го врати Меси во 2023 година.

„Меси заслужи да биде достоинствено испратен, но мора Барселона да размислува како да го врати назад во 2023 година, кога му завршува договорот со ПСЖ“, вели Фонт.

Аргентинецот си замина од Барселона затоа што не можеше да го продолжи договорот поради финансиските проблеми кои ги имаше екипата.