Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека тренерот Томас Тухел се обидува да го реши проблемот со Ромелу Лукаку, а Германецот добил поддршка од Цезар Аспиликуета, Нголо Канте, Жоржињо и Антонио Рудигер за да го исфрли Белгиецот од тимот за мечот против Ливерпул.
Лукаку претходните денови покажа незадоволство во Лондон, поради што мораше да реагира тренерот и јавно покажа желба да се врати во Интер.
Тоа ги налути навивачите на Челси, кои сакаат веднаш да биде продаде Белгиецот, но исто така и Тухел е разочаран и кажа дека дополнително ќе се разговара за ситуацијата.
Тухел има поддршка од најважните членови на екипата, па така Лукаку можеби е најскапо засилување на „сините“, но сепак не е поголем од Челси и затоа ќе мора да се смири ако не сака да биде целосно исфрлен од тимот.