Надал го провоцира Ѓоковиќ: Мора да ги прифати последиците!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му кажа на Новак Ѓоковиќ дека мора да ги прифати последиците поради тоа што не е вакциниран, иако Србинот доби медицински исклучок, но властите не му дозволија влез во државата поради неисправна виза.

Србинот се жалеше и го очекува сослушување во Федералниот Суд во Мелбурн, додека сонародниците му даваат голема поддршка.

Коментар на ситуацијата даде и Рафаел Надал, откако му беше поставено прашање дали му е жал што Ѓоковиќ најверојатно нема да игра на турнирот.

„Немам мислење за тоа. Мислам дека можеше да игра ако е вакциниран. Тој донесе свои одлуки, секој е слободен да носи одлуки, но за тоа треба да се прифатат и последиците. Секако дека не ми се допаѓа ситуацијата која се случува“, вели Надал.