Почна ремонтот: Њукасл го обезбеди првото големо засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигашот Њукасл јунајтед почна да ангажира засилувања, а веќе неколку дена се шпекулираше за Кјеран Трипие и конечно се оствари трансферот.

Трипие пристигна во Њукасл од Атлетико Мадрид и потпиша договор на две ипол години, па го чека соработка со тренерот Еди Хау.

„Воодушевен сум што се приклучувам на овој тим. Уживав во Мадрид, но кога се запознав со интересот на Њукасл и дознав дека ќе работам со Хау, знаев дека сакам да дојдам тука“, кажа Трипие.

Засега не се открива сумата на трансферот, меѓутоа англиските медиуми шпекулираат дека Трипие чинел околу 15 милиони евра плус бонуси.

Трипие ќе стане најплатен фудбалер на тимот од „Сент Џејмс парк“ со неделна плата од 170.000 евра, а досега таа улога ја имаше Жоелингтон со 95.000 евра неделно.