Откриени досега непознати детали: Познат британски политичар бил во контакт со Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот британски политичар и еден од луѓето кои беа за Брегзит, Најџел Фараж испрати порака од својот профил, каде што на јавноста ѝ откри детали од разговорот со Новак Ѓоковиќ.

Политичарот е во постојан контакт со семејството Ѓоковиќ, а по разговорите со нив се уверил дека Ноле ги има сите потребни документи и потврди за да игра на Австралијан опен.

„Разговарам со семејството Ѓоковиќ и на сите им е јасно дека Тенискиот сојуз на Австралија, во рамки на законот на државата Викторија, му дозволи на Новак да дојде во државата зашто имаше доказ за позитивен ПЦР-тест во последните шест месеци“, напиша Фараж.

Ѓоковиќ го чека судењето закажано за ноќта меѓу недела и понеделник на полноќ по наше време, односно во 10 часот по австралиско време, кога ќе дознае дали ќе влезе во Австралија или не.