Нов скандал на повидок во Мелбурн: Како влегол Надал во Австралија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ веќе пет дена е во притвор во Мелбурн во нехумани услови, Шпанецот Рафаел Надал се радува на освоениот пехар на турнирот во градот пред да се игра Австралијан опен.

Но, кога станува збор за Надал, постои шпекулација дека Шпанецот ги прекршил прописите во Австралија поврзани за ковид-19.

Српскиот фудбалер Милош Нинковиќ, кој со години игра во Австралија, кажа нешто што може да предизвика нов скандал.

„Многу тенисери добија исклучок на основа на медицинските документи, а само Новак го затворија. Никој не зборува за тоа, затоа што тука… Ако си австралиски државјанин и не си во земјата, а си имал ковид во друга држава, ти не можеш во следните 14 дена да влезеш во Австралија. Тоа важи за сите. Се сеќавам дека Надал беше заразен на 20 декември, а влезе во Австралија на 31 декември. Не поминаа две недели. За тоа никој не пишува во Австралија, што се случи?“, прашува Нинковиќ.