Ѓоковиќ може да го загуби првото место на АТП-листата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ деновиве е во центар на внимание поради малтретирањето од страна на австралиските власти кои не сакаа да му дадат виза.

Ѓоковиќ, сепак, го доби случајот на Суд и доби виза за престој во Австралија, меѓутоа би можел да го загуби првото место по Австралијан опен.

Србинот не настапи на АТП Купот, па поради тоа остана без 525 поени, поради што разликата меѓу него и Данил Медведев е 2.080 поени.

Српскиот тенисер во Мелбурн брани 2.000 поени наспроти 1.200 поени на Русинот, па така Медведев со освојување на турнирот ќе има можност да го симне Ѓоковиќ од тронот.

Покрај Медведев, за првата позиција може да се бори и Александер Зверев, кој има 3.045 поени и брани 760 од минатата година.