Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ повторно е во притвор, а конечната одлука за депортација на тенисерот од Австралија ќе биде донесена вечерва.
Доколку популарниот тенисер остане во Австралија, од притвор ќе излезе на терен дури во понеделник, а ситуацијата на најдобриот играч во светот ја коментираше и Рафаел Надал.
„Не постои ниту еден играч кој е поважен од натпреварувањето. Никој, ниту Роџер, Новак или јас. Австралијан опен е поважен од било кој тенисер“, кажа Надал.
Шпанецот кажа дека турнирот ќе биде одличен и без првиот тенисер во светот.
„Ако игра ќе биде добро, но и да не игра, Австралијан опен ќе биде одличен турнир. Тоа е мојот став. Навистина го почитувам, иако не се сложувам со многу работи кои ги направи во претходниот период“, вели Надал.