Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Професионалните спортисти, како Французите, така и странците, ќе мора да бидат вакцинирани против ковид-19 за да учествуваат на спортски настани.
Тоа го вклучува и гренслем-турнирот Ролан Гарос, кој во Париз ќе почне на 22 мај. Пред неколку дена беше објавено дека ќе можат и невакцинираните да настапат, сепак таа одлука се промени.
Министерката за спорт во Франција, Роксана Марачинеану објави на Твитер дека е донесен закон со кој се бара од учесниците и навивачите да бидат вакцинирани.
Претседателот на Тенискиот сојуз на Франција, Жил Моретон кажа дека нема да може да даваат медицински исклучоци на Ролан Гарос, па тоа е дополнителен проблем за Новак Ѓоковиќ.
Ју-Ес Опен и Вимблдон уште од претходно најавија дека ќе бараат вакцини за тенисерите, па тоа значи дека Србинот не може да настапи додека не прими вакцина.