Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ пред три дена беше депортиран од Австралија, откако вторпат по ред му беше укината визата, по што го загуби правото да настапи на Австралијан опен.
Тенисерот од Србија доби тригодишна забрана за влез во државата, а исто така мораше да плати и половина милион долари за судски трошоци. Сепак, Ѓоковиќ доби одлични вести затоа што организаторите на турнирот решија да го платат долгот.
Австралијан опен од Владата на Австралија ќе бара пари за организирање на турнирот, по што ќе ја плати казната на Ѓоковиќ, а тоа значи дека парите ги даваат граѓаните на државата.
Премиерот на Австралија, Скот Морисон пред неколку дена објасни дека Ѓоковиќ, сепак, може да настапува на Австралијан опен, и покрај казната од три години за влез во државата.