Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ има ужасен почеток на 2022 година затоа што беше депортиран од Мелбурн, откако остана без виза и така не можеше да го брани трофејот на Австралијан опен.
Ѓоковиќ, сепак, доби одлични вести од Велика Британија, односно тој дозна дека ќе може да настапи на Вимблдон, кој се игра од 27 јуни до 10 јули.
Според новите правила против ковид-19 во државата од 11 февруари ќе можат да влегуваат и невакцинирани лица.
„Тие кои доаѓаат, ќе мора да направат тест пред влез во Англија и два дена откако ќе влезат во државата. Сите патници мора да ги пополнат и неопходните формулари“, кажа државниот секретар.
Секако, постои можност да се постават посериозни мерки во зависност од епидемијата, но најверојатно Ѓоковиќ ќе може без проблеми да игра на Вимблдон.
Засега не е познат настапот на Србинот на Ролан Гарос, но Франција ги промени правилата за вакцинација и Ѓоковиќ би можел да настапи во Париз доколку не се промени нешто.