Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да поставува рекорди во НБА-лигата, па така тој по десетти пат во кариерата беше прогласен за најдобар играч во Западната конференција и се израмни со Кармело Ентони, кој досега беше играч кој најмногу пати во историјата на Денвер ја освојуваше таа награда.
Центарот на Денвер беше неверојатен претходната недела, откако постигна 36,3 поени, 11,3 скокови и 10 асистенции во просек по натпревар, а притоа имаше и неверојатен процент на удари од 65 отсто, а тројки шутираше со 40 отсто успешност.
Прво на Лос Анџелес Клиперс им даде 49 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а потоа против Мемфис имаше 26 поени, 12 асистенции и 11 скокови, додека последниот натпревар го играше против Детроит и запиша 34 поени, девет скокови и осум асистенции.