Медведев ја замолче публиката на која ѝ пречи што „сакал да биде како Ѓоковиќ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данил Медведев во фантастичен натпревар со голем пресврт го совлада Феликс Оже-Алиасим во четвртфиналето на Австралијан опен, а потоа го навлече бесот на публиката откако го спомена Новак Ѓоковиќ.

Во текот на интервјуто на самиот терен, Медведев доби прашање за тоа како успеал да се врати, иако неговиот ривал имал меч-топка.

„Не знам дали ова ќе им се допадне на навивачите, но се запрашав што би направел Ѓоковиќ. Тој е еден од најдобрите, заедно со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ“, кажа Медведев.

Публиката не беше задоволна со коментарот на Медведев, а Русинот реши да им одговори.

„Да, ме исвиркуваа, но сакав да бидам искрен. Понекогаш не можам да кажам сè, зашто живееме во време кога не смеете да кажете сè што мислите, но ова… Тоа сепак е нивна реакција, а јас сакав да бидам искрен со нив“, вели Медведев.